Махмуд Џибрил повика за широка коалиција во Либија

Од:

Премиерот на Преодниот национален совет (ПНС) за време на бунтот во Либија против режимот на Моамер Гадафи, Махмуд Џибрил повика за создавање на голема коалиција по парламентарните избори во саботата.

Се очекува првите официјални резултати да бидат објавени денеска, но Џибрил одби да ги коментира претпоставките дека неговиот Сојуз на националните сили (СНС) води на исламистичките групи, меѓу кои политичкото крило на движењето „Муслимански браќа“.

– Упатуваме чесен повик кон сите за национален дијалог за обединување во една коалиција, под едно знаме… Тоа е чесен и искрен повик кон сите (околу 150) политички партии, кои функционираат денеска во Либија, објави Џибрил на прес-конференција доцна синоќа.

Тој увери дека на изборите во саботата „немало губитници или победници… Кој и да победил, вистинскиот победник е Либија“.

Џибрил ги отфрли определувањата на Сојузот на националните сили – коалиција од околу 60 партии – како секуларен и либерален. Еден од основните принципи на СНС е придржувањето кон исламското право, истакна тој.

Во саботата Либијците гласаа на првите слободни национални избори по 42-годишното управување на Гадафи, соборен од власт и убиен минатата година. Гласањето имаше висок одѕив – од 65 отсто и помина во голем степен во мирна атмосфера и покрај масовните стравувања од насилство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски