ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да каже дали со пари од тендери тој и неговата фамилија се стекнале со огромен имот

Од:

„Додека Дарко Каевски директорувал и ја извршува функцијата пратеник фирмата на неговиот татко ГЕО КАЕВСКИ зема милионски тендери.

Само во период од три години, односно 2018, 2019 и 2020 ГЕО КАЕВСКИ од тендери инкасирала над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

Во исто време според податоците од имотниот лист на Каевски гледаме дека тој се стекнал со стан во Скопје и дел од куќа. Податоците се јавно објавени на страната на ДКСК, а документот го прикачуваме во прилог“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали функционерите на СДСМ лапаат државни пари преку фирмите на нивните родители и блиски роднини?

И додека народот по цел живот се мачи да обезбеди сопствен дом функционерите на СДСМ и нивните фамилии вртат стотици илјади евра преку државни тендери.

Одговорност мора да има. Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите со стекнување на имот на Каевски и земањето тендери на фирмата на неговиот татко“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ