ВИДЕО: Се запали најголемата фабрика за вакцини за ковид-19 во светот, петмина работници загинаа

Од:

Петмина луѓе загинаа во пожарот што избувна во индиската фабрика на Институтот за серуми (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во Западна Индија, пренесуваат индиските медиуми.

Компанијата соопшти дека пожарот нема да влијае на производството на вакцини против коронавирусот.

СИИ ја произведува вакцината на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата исто така се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс“.

Пожарникарите од западноиндискиот град Пуне, каде е седиштето на СИИ, претходно изјавија дека на местото на несреќата се испратени пет противпожарни возила.

Причините за несреќата се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни