Албанија протера руски дипломат поради кршење на мерките за заштита од коронавирусот

Од:

Албанската влада денеска соопшти дека протерала еден руски дипломат од земјата, поради наводно непочитување на заштитните мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, јави телевизијата „Топ Чанел“.

Министерството за надворешни работи му наложило на рускиот дипломат Алексеј Кривошев да ја напушти земјата за 72 часа, наведувајќи дека до руската страна било реагирано во врска со однесувањето на дипломатот уште од април минатата година.

„Напроти ветувањата, рускиот дипломат продолжи да ги прекршува мерките“, велат од албанското МНР, без да наведат повеќе детали.

Во исто време, министерството изразило подготвеност да ја продолжи „пријателската соработка“ со Русија, изразувајќи и надеж дека Москва „ќе ги сфати причините коишто стојат зад оваа одлука“.

„Владата на Албанија сака да ги зајакне пријателските односи со Руската Федерација и жали што добрата волја од обете страни е нарушена со повторените дела на руските дипломати во Тирана,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година