Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на Челзи не се подобрат наскоро

Од:

Тренерот на Челзи, Френк Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на тимот не се подобрат наскоро, објави „Скај Спорт“.

Клубот верува дека тимот не направил доволно напредок од летниот преоден рок. Јануарските натпревари со Лутон во ФА купот и со Вулверхемптон и Барнли во шампионатот ќе бидат решавачки за иднината на Лампард.

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри и поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел се потенцијални наследници на Лампард во Челзи доколку тренерот на „сините“ добие отказ.

Челзи е 8. во Премиер лигата со 29 бода по 19 одиграни натпревари. На последните осум натпревари од Премиер лигата, лондонскиот клуб победи само двапати.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска