Куба со план годинава да произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирусот

Од:

Куба се надева дека годинава ќе произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирус и ќе ја вакцинира целата популација, најави директорот на институтот Финлеј, што управува со два од четирите проекти за вакцини во рамките на клиничките испитувања.

-Имаме капацитет да произведеме 100 милиони дози „Соберане 2“, што е најнапредниот кандидат за кубанската вакцина, изјави Висенте Верес синоќа, додавајќи дека „фазата на производство“ е веќе започната.

– И ако се оди како што треба, целото население на Куба ќе биде вакцинирано оваа година.

Во понеделникот, „Собарана 2“ влезе во фаза 2 од испитување врз 900 волонтери. Ако успее, ќе влезе во „Фаза III“ во март, последна пред одобрувањето, со 150.000 волонтери. Институтот Финлеј неодамна потпиша договор со Институтот Пастер во Иран дека земјата учествува и во „Фаза III“.

Втората кубанска вакцина „Соберана 1“, која сега е во „фаза 1“, треба да оди во „фаза 2-3“ во февруари и исто така ќе биде тестирана на луѓе кои се опоравуваат од болеста, рече Верес.

– Во феврyари ќе почнеме клиничко испитување на педијатриската популација, така што вакцината може да се примени и на деца, рече тој.

Целта е да се почне општа вакцинација на Кубанците во првата половина на годината. Вакцината ќе биде бесплатна, но не и задолжителна. Исто така, ќе им биде понудена како „опција“ на туристите кои го посетуваат островот, рече Верес.

Вкупно се подготвуваат четири кандидати за вакцини: „Соберана 1 и 2“, „Абдала“ и „Мамбиса“, сите во фаза на клинички испитувања (фаза I или II). Првите три се даваат со инекција, четвртата е спреј за нос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД