ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

Од:

Условна затворска казна му изрече судот на Зоран Ѓорѓиевски, поранешниот советник на екстехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Судот ја донесе пресудата откако МВР поднесе кривична пријава, а Обвинителството обвинение откако за време на изборниот ден, Ѓорѓиевски физички нападна началник од СВР Тетово. Доколку Ѓорѓиевски, кој е избркан од МВР, стори ново кривично дело во наредните пет години, тој ќе треба да одлежи затворска казна од две години.

„По добивањето на пресудата ќе се произнесе дали ќе поднесе жалба по истата“, велат од Обвинителството, по денешното судење.

Осудениот Ѓорѓиевски во јули минатата година го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, кој бил на терен поради увид на сообраќајна несреќа која се случила претходно. Инцидентот започнал со вербална расправија, а интервенирале и полициски службеници. Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

Советникот Ѓорѓиевски ѝ е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“