Мицкоски: Светот оди напред со големи чекори, Словенија нарачала над 3 милиони вакцини, а ние молиме за донации

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжува мини турнејата по земјите од регионот и Европа. Од денеска тој пестојува во Словенија, каде, како што најави на својот профил на Фејсбук, ќе се сретне со премиерот Јанез Јанша. Мицкоски во кусиот статус критикува дека овие европски земји одат со крупни чекори напред додека ние се уште молиме за донации за вакцини против Ковид-19.

-Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ. Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори! А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Од, како што наведува, краткиот престој во Унгарија, видел дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот.

-Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5.18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9%, додека нашата е во рецесија, напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека кај нас се уште нема одговорност за кој било за случајот со пациентката која на породување изгуби три органи.

-Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците. Важно, најавен е нов петти пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот. Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред, пишува Мицкоски.

Кажувам, пишува тој, доста е, мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста.

-Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски