ВИДЕО: Вашингтон личи на воена зона пред инаугурацијата на Бајден

Од:

Невидени мерки на обезбедување се спроведуваат во Вашингтон пред стапувањето на функцијата на новиот американски претседател Џо Бајден, а градот и делот околу зградата на Конгресот наликуваат на воена зона.

Властите во американската престолнина стравуваат од повторување на насилствата од пред две недели, кога илјадници приврзаници на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во Капитол, а во нередите починаа пет лица, меѓу кои и жена што беше застрелана од обезбедувањето во Конгресот и полицаец кој бил удрен со противпожарен апарат во главата.

Свечената церемонија на инаугурација на Бајден е закажана за среда, а мерките на безбедност одат дотаму што припадниците на Националната гарда, распоредени во Вашингтон, еден по еден поминуваат низ строги проверки од страна на ФБИ.

Денеска беше објавено дека двајца војници биле отстранети од должностите за утрешната церемонија, откако било утврдено дека имале врски со екстремнодесничарски вооружени групи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија