Иванов: Да бидеме пример за спортско однесување

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов како покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот“ денеска присуствуваше на спортско-културна манифестација во Кавадарци.

На манифестацијата децата преку најразлични игри и работилници учеа за спортскиот бон тон.

– Сведоци сме на немили настани на спортски натпревари  кај нас и во светот и затоа е пожелно младите да учат како да се однесуваат како навивачи и како натпреварувачи. Ние сме мултиетничко и мултијазичко, мултирелигиозно  општество и преку ваквите проекти младите се запознаваат и учат едни за други. Тоа придонесува за општата атмосфера во земјата. Сакаме Македонија да биде позитивен пример за тоа како треба да се биде пристоен на спортските терени, но и надвор од нив, истакна Иванов.

Американскиот амбасадор Пол Волерс нагласи дека ваквите активности имаат за цел поттикнување на толеранцијата и почитта кон другите, без разлика на расата, општествената класа или религија.

Проектот продолжува уште во шест други општини каде што младите ќе учат како да се однесуваат во спортот, но и во секојдневниот живот.

По Кавадарци, тој ќе се реализира во скопската општина Аеродром, во Валандово, Дебар, Росоман, Теарце и Центар Жупа. Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи -Геостратешки институт „Глобал“.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД, а покровител е претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on