Бесими во Париз по француска подршка за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во работна посета на Праиз, каде што води политички разговори со претставници на француската држава во пресрет на Советот на ЕУ на кој ќе се одлучува за доделување датум за почеток на преговори со Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Франција.

Бесими во Париз допатува од Брисел, каде што на средбата во Европскиот парламент подвлече дека „членството е стратешка определба на земјата и затоа Владата е посветена на имплементација на сите неопходни реформски процеси, особено во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво кој овозможи да се воведе дополнителна динамика на целиот процес.“

По посетата на Лондон,  каде што ја доби поддршката на британската влада, средбите во Брисел и денеска во Париз, Бесими утре треба да го посети Берлин. Во рамките на неговата дипломатска офанзива е предвидена и посета на Мадрид и Даблин, а во меѓувреме според најавите што тој ги даде пред оваа дипломатска турнеја, се очекува да им испрати писма со аргументи на сите европски пратеници кои гласаа против или кои беа воздржани во однос на резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија.

Би можело да ве интересира

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата