ВИДЕО: Ски-центарот „Нижеполе“ преполн, по најавата за бесплатно скијање

Од:

Ски-центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека не се плаќаат карти.

Од фотографиите се забележува дека и тешко се одржува задолжителното растојание кое е една од мерките во протоколот за работа на скијачките центри. Најголема гужва има околу кафетеријата, каде посетителите одмораат пред и по скијањето.

„Денес сите патишта водат кон ски-центарот Нижеполе. Патот чист, ски патеката подготвена, сонцето само што изгреа,  топлиот планински чај ве очекува“, објавија утрово од ски-центарот.

Според протоколот, задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување редот, дисциплината и растојанието меѓу посетителите и носењето на лична заштитна опрема –  маски пред качување на жичарницата и ски лифтовите.

„Ски центарот ќе врши редовна дезинфекција на жичарницата и ски лифтовите. Пред секоја жичарница, ски лифт, билетара и пред секое бачило да биде поставен пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење на лична заштитна опрема – маски на вработените во Скијачкиот центар“, пишува во Протоколот со мерки за работа на скијачките центри.

И вчеравечер имаше посетители на ски-центарот „Нижеполе“. Дел од гостите беа и на ноќно скијање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски