Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено

Од:

Отворањето на првиот забавен „Супер Марио“ парк повторно е одложено бидејќи Јапонија се бори со зголемен број случаи со коронавирус, објави фирмата „Јапонски универзални студија“.

„Искрено се извинуваме за непријатностите за гостите кои со нетрпение го чекаа отворањето. Датумот на отворање ќе биде одреден и објавен по укинувањето на вонредната состојба”, соопшти компанијата.

Долго очекуваното пуштање на забавниот парк инспириран од Нинтендо-видеоигрите првично требаше да се случи во јули 2020 година, пред Олимписките игри во Токио. Но, како и Олимпијадата, така и отворањето на паркот беше одложено поради пандемијата, со нов датум – 4 февруари 2021.

Паркот се наоѓа во градот Осака.

Откако оваа недела Владата ја продолжи вонредната состојба во врска со коронавирусот, организаторите одлучија да го одложат отворањето на паркот по вторпат.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска