ВИДЕО: Најмалку 34 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Индонезија

Од:

Во земјотресот со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези загинаа најмалку 34 луѓе, а околу 600 се повредени.

Поради силниот земјотрес околу 2.000 луѓе од провинцијата Западно Сулавеси беа принудени да ги напуштат домовите.

Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од 10 километри.

По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами, но сеизмолозите предупредија дека посилни секундарни потреси би можеле да предизвикаат големи бранови.

Досега регистрирани се 25 секундарни потреси.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, домови, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници