Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски, кој сега раководи со Агенцијата за млади и спорт, преку видео врска им порача на репрезентативците кои вечерва ги очекува првиот натпревар на Светското првенство, дека нацијата е горда на нив и дека верува оти ќе го дадат својот максимум.
“Капитене, ти ја подавам топката за гол!”, напиша Мојсоски на Фејсбук по разговорот со репрезентативците, а предмалку на нашите репрезентативци, на нашите најголеми амбасадори, на моите соиграчи, моите другари, им посакав среќа на СП во Египет! Знам дека овие храбри момци, овој тим ќе го даде својот максимум и ќе “гине” на терен!
Горди сме на вас!“, напиша Мојсоски, посакувајќи им среќа и здравје на ракометарите во Египет.
Македонија вечерва во Каиро игра против Шведска во првиот натпревар на мундијалот, откако нашите репрезентативци пред само три дена ја добија веста дека влегуваат на Светското првенство како замена за пласираната Чешка, која не можеше да состави тим поради проблеми со коронавирусот.
Селекторот Данило Брестовац соопшти дека на првата средба на големите натпреварувања ќе дебитираат Мартин Томовски, Ненад Костески, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Марко Мишевски и Дарко Георгиевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра во салата на стадионот во Каиро со почеток од 20:30 часот.