Вучиќ: За помалку од два часа по телефон, за вакцинација се пријавиле над 17 000 луѓе

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека се очекува над 80 проценти од нацијата да бидат вакцинирана против коронавирусот.

Тој рече дека за помалку од два часа, повеќе од 17 000 луѓе се пријавиле по телефон.

Досега преку 180.000 граѓани изразиле интерес за вакцинација преку порталот за е-управа.

– Пријавувањето е многу едноставно. Постои едноставен електронски прашалник, а граѓаните не мора да бидат регистрирани на порталот. За постарите граѓани, пријавувањето можат да го направат нивните помлади членови на семејството, а веќе имаме податоци дека 10 проценти од апликантите се постари од 75 години, изјави директорот на Канцеларијата за информатички технологии и електронска администрација на Владата на Србија, Михаило Јовановиќ.

Тој додаде дека од утрово со поддршка на Телеком Србија, работи и кол центар за регистрација по телефон на 0800 222-334 за оние граѓани кои не можат да се регистрираат преку Интернет.

Постапката е слична, освен што сите потребни податоци ќе бидат внесени во апликацијата од операторите на центарот за контакти.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија