(ВИДЕО) Русите во паника поради екстремната зима: Ни пристигна „балканско чудовиште“

Од:

Екстремно студените зими во Русија не се ништо ново, но ниту најстарите жители не паметат толку силна снежна бура, снег и мраз што падна во неколку руски региони, пренесуваат руските медиуми.

„Балканското чудовиште“ вчера „прелета“ и низ Москва, како што го нарекоа локалните медиуми, силниот циклон со обилни врнежи од дожд и снег, кој го доби своето име затоа што навистина пристигна од Балканот.

Патиштата се снежни, видливоста е значително намалена, а според прогнозите на метеоролозите, количината на снег што се очекува да падне во следните неколку часа, е вообичаена да падне за седум дена.

Ситуацијата е слично тешка и во регионите Воронеж и Ростов. Во Владивосток, на Далечниот исток на Русија, снегот не престанува да паѓа со денови, па сообраќајот е во целосен колапс.

И на северот на земјата, на Урал и во Сибир, сè е опкружено со снег и мраз. Во Јакутија се измерени -50 степени Целзиусови, поради што учениците не одат на училиште, но имаат часови преку Интернет.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски