Во Куманово издадени 3000 решенија за легализација на бесправно изградени објекти

Од:

Три илјади решенија издаде Секторот за урбанизам од општина Куманово за легализација на бесправно изградени објекти. Петте комисии кои ги формираше општината извршиле увид на околу 6000 предемти доставени до секторот, од вкупно пристигнатите 1900 барања.

– Околу три илјади решенија се во процес на разгледување. Најчесто, барателите не доставуваат геодетски елаборати кои се должни согласно законот да се достават до секторот за да подготват решенијата, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Од Секторот за урбанизам апелираат до граѓаните кои поднеле барања за легализирање на дивоградбите да ја комплетираат документацијата, за да може да се интензивира постапката за решавање на правниот статус на бесправно изградените објекти. Самата постапка за бесправно изградените објекти наложува оние кои се легализирани да се вклопат во идни плански документации.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци