ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на Законот за попис

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат веднаш да се повлече Законот за попис од собраниската дебата и да се организира внатрепартиска и внатре државна дебата на целата територија на Република Македонија – објави денеска на прес конференција пратеничката Дафина Стојаноска.

Спроведувањето на попис мора да се темели на постигнат консензус од сите политички чинители, сите општествени фактори, за да може да дојдеме до успешно спроведена статистичка операција во која што ќе имаат доверба сите граѓани на Република Македонија. По очигледната злоупотреба на европското знаменце, одбивањето на сите конструктивни амандмани на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, власта продолжува со своето самоволие, нетранспарентност и арогантност да спроведува штетни решенија за државата и граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на масовна мобилизација за собирање потписи за иницијатива за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието и за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе.

„Република Македонија треба да спроведе попис кој што ќе ги содржи препораките на Евростат и регулативите на Европскиот парламент како и препораките и стандардите на Обединетите нации и затоа како земја која што треба да започне преговори со Европската Унија не смееме да си дозволиме експерименти кои што очигледно се само коалициски пазарења. Граѓаните уште сега кога не е донесен ниту законот за попис немаат доверба во оваа операција и затоа ние како пратеници имаме должност и обврска да направиме се за овој процес да запре и да започне одново и консензуално да покажеме дека сепак за битни прашања знаеме и можеме да носиме исправни одлуки“ – рече Стојановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи