Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го прифати членот за отповикување на претседателот Доналд Трамп со првото процедурално гласање.
Сега е ред на второто процедурално гласање за резолуцијата за отповикување, пренесува Би-Би-Си.
Потоа, се планира дискусија и конечно гласањето за отповикување, кое според проценките треба да започне во 15 часот по локално време, или во 21 часот по средноевропско време.