ВИДЕО: Стотина полицајци упаднаа на Вевчанскиот карневал, жителите ги дочекаа со пцовки

Од:

Стотина полициски службеници влегоа во Вевчани за да го растурат карневалот кој се одржуваше во општината. Меѓу полицијата имаше припадници и на Единицата за брзо распоредување. Граѓаните кои дојдоа да го следат карневалот, но и жителите, полицијата ја докчекаа со пцовки, исвриркување, карање, но и провокации.

Од МВР нема официјална информација зошто е постапено и каков е исходот од акцијата на полицијата. Полицијата реагирала за да се спречи групирање и непочитување на мерките за заштита од коронавирус.

 

Скандал и апсење во Вевчани !!!
(ЕБР го растури карневалот)

Posted by Shilo Magazine Шило Магазин on Wednesday, January 13, 2021

„К**от да ми го јадиш, дојди фати ме“, „Кај ојте бе еј?“, „Срамота е бе, тука ли ќе покажувате сила“, „Што к** бара ЕБР овде?“, се слушаше во центарот на Вевнчани.

Полицијата во Вевчани дојде со неколку комбиња. Неофицијално, уапсени се неколку лица кои учествувале на карневалот. Акцијата на полицијата се одвиваше со многу караници меѓу службениците и учесниците на карневалот.

Од организација на карневалот се откажа Општина Вевчани, но не и невладините организации и дел од жителите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски