Путин наложи следната недела да почне масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска наложи масовна вакцинација на населението против Ковид-19, истакнувајќи оти руската вакцина е „најдобра“ во светот.

– Ве молам од следната недела да почнете масовна вакцинација на целокупното население и да направите соодветен распоред на работа, како што правиме и со другите болести, на пример со грипот, посочи Путин.

Тој истакна дека „руската вакцина е најдобра во светот“.

Путин посочи и дека е надминат обемот на производство на вакцината Спутник V и оти треба да се премине на масовна вакцинација.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски