ВИДЕО: Отворена нова градинка во Новаци, Шахпаска соопшти дека годинава се градат 15 низ државата

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски пуштија во употреба нова детска градинка во оваа општина.

Шахпаска истакна дека „Бамби“ во Новаци е првата градинка што се отвора во новата 2021 година и дека отворањето градинки во секое катче на државата е дел од владината програма и беше изборно ветување што се реализира.

– За нас секое дете во државата е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или во рурална средина. Вложувањето во раниот детски развој, во предучилишното образование што се одвива во градинките, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика, затоа што градењето на една млада личност којашто треба да влезе во процесот на образование е подготвена и е многу значајно за нејзино понатамошно квалитетно развивање. Истовремено, вложувањето во компетентен и професионален кадар од восипитувачи и негуватели коишто ќе бидат со нашите најмлади, исто така претставува наш приоритет. Со доаѓањето на власт, од септември до сега, отворивме седум детски градинки, со што опфатот на деца кои се сместени во градинки е зголемен за 665, истакна министерката Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика во оваа година гради 15 нови градинки и опфатот ќе се зголеми за 1900, а до крајот на мандатот, односно до 2024 година, предочи Шахпаска, се очекува 60 насто од децата во државата од преучилишно образование да имаат можности за сместување во градинка.

За изградба на градинката во Новаци се вложени 9,5 милиони денари.

-Детската градинка е со површина од 230 квадратни метри и со сместувачки капацитет за 50 деца. Средствата за изградба ги обезбедија Министерството за труд и социјална политика, локалната самоуправа, додека за еколошкиот систем за греење во градинката, средства обезбедивме од меѓународен проект, информираше градоначалникот Кузманоски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска