Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ако на Шилегов му требаа 3 години за ограда на мостот кај стариот театар, колку децении ќе му треба за нов мост?

Од:

„Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го повикуваме да ја избриши и оваа нова негова ФБ објава каде се фали со градба на мостот кај стариот театар веднаш до Камениот Мост, потенцирајќи дека изградил нова ограда. Пари за градба на мостот и сите други неопходни работи беа оставени од страна на неговиот претходник“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Шилегов шајка нема заковано за мостот кој се фали. Единствено што направи Шилегов за цели 3 години е да постави заштитна ограда. Ако на Шилегов му требаа 3 години за ограда на мостот кај стариот театар, колку децении ќе му треба за нов мост?

Кога сме кај градењето скопјани уште го чекаат фамозниот тунел под Кале кој Шилегов го ветуваше, или пак ако тоа е премногу, тогаш до каде е јажето и зиплајнот кој Шилегов исто го ветуваше на скопјани? Шилегов е најнеуспешниот градоначалник што Скопје некогаш го имало“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус