Вучиќ не сака да слушне за неработна недела во Србија: Одете во други земји

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да се согласи недела да се прогласи за неработен ден во земјата, откако во Србија се појавија такви барања, а слична иницијатива неодамна најави и македонската влада.

„Не може неработна недела. Не давам. Кој сака да не работи во недела, нека оди во некои други земји,“ рече претседателот при вечерашното гостување во емисијата „Кирилица“ на телевизијата „Хепи“.

„Зошто да забрануваме некому да работи, ако е вреден и сака да заработи пари?“, додаде Вучиќ.

Според него, Србија не може да си дозволи таков потег, а граѓаните треба да бидат горди со тоа што „ќе работат повеќе“.

„Ние немаме море и природни богатства што ќе ни донесат милијарди,“ рече Вучиќ.

Српскиот претседател не пропушти да се пофали и со економските успеси на неговата влада, а рече и дека Србија според растот на брутодомашниот производ за време на пандемијата, била на водечко место во Европа.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“