Администрацијата во заминување на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја врати Куба на списокот на земји што го спонзорираат тероризмот, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, може да го објави ова уште денеска, само девет дена пред Трамп да замине од функцијата. Шефот на американската дипломатија одлуката ја поврзува со фактот дека Куба е дестинација на бегалци од американското судство и колумбиските бунтовници долги години, тврди извор кој сакал да остане анонимен.
Помпео може да ја спомене и поддршката на Куба за претседателот на социјалистите во Венецуела, Николас Мадуро, како причина за одлуката.
Таа одлука дополнително ќе ги влоши односите меѓу поранешните непријатели од Студената војна, откако поранешниот претседател Барак Обама се обиде да ги нормализира. Одлуката на Обама официјално да ја отстрани Куба од листата на тероризам во 2015 година беше важен чекор кон воспоставување дипломатски односи подоцна истата година.
Враќањето на списокот на спонзори на тероризам би се случило по повеќемесечна правни проверки, а некои владини експерти се сомневаат дали одлуката е оправдана, рече изворот.
Новиот претседател Џо Бајден нема да може да ја повлече таа одлука без долг правен процес.