УХМР: Зголемен водостојот на повеќе реки, да се избегнува движење покрај нив, вечер повторно врнежи

Од:

После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои. Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Исто така зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив. Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање, посочуваат од УХМР.

Во вечерните часови и за време на ноќта се најавуваат нови врнежи. Можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска