ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема пари за здравството, ама има за златни лажици, затоа Македонија е 5-та по смртност во светот и последна во Европа која ќе спроведе вакцинација

Од:

„Дури аболицираниот за криминал, Зоран Заев јаде со златни лажици, Македонија е 5-та земја во светот по смртност од епидемијата со корона вирус. Очигледно дека око не му трепнува тоа што над 85 илјади луѓе се заразија, а над 2.600 починаа.

Алчноста по злато и лично богатење го преокупираше Заев и затоа Македонија е последната земја во регионот и Европа која ќе почне со вакцинација на своето население. Наместо да обезбеди вакцини, тој се фокусираше на матните тендери, лиценците за марихуана и личното богатење на своето семејство“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа сега додека лажниот социјалдемократ Заев бесрамно се фали со луксузот и богатството кое го стекнал на криминален начин, народот во Македонија се бори за својот гол живот. Златниот прибор на Заеви покажува каде завршувале парите во оваа земја. Затоа немаше пари за тестови за корона вирус, затоа здравството е на колена, затоа нема заштитни средства и медицински материјали.

Парите во Македонија завршуваа кај кланот, наместо за граѓаните. Лицемерно е Заев да ветува квантен економски скок во 2021 година јадејќи со златниот прибор, освен ако не мисли на тоа следната нова година да ја честита јадејќи и од златни чинии“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски