Папа Франциск: Ќе се вакцинирам, тоа е етички

Од:

Папата Франциск рече дека планира да прими вакцина против коронавирус на почетокот на следната недела и ги повика сите луѓе да се вакцинираат за да ги заштитат не само своите, туку и животите на сите други.

– Верувам дека е етички секој да ја прима вакцината. Тоа е морален избор бидејќи во спротивно се коцкате со вашето здравје, вашиот живот, но си играте и со животите на други луѓе, рече Папата во интервју за италијанската ТВ Канал 5.

Спротивставувањето на вакцинацијата тој го нарече „самоубиствено негирање“.

Ватикан, најмалата независна држава во светот, соопшти дека наскоро ќе започне сопствена кампања за вакцинирање против коронавирусот.

– Следната недела ќе започнеме со вакцинацијата во Ватикан и јас се пријавив. Тоа мора да се направи, рече папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска