Водата во Штип поскапува за 5,4 проценти

Од:

Цената на водата во Штип ќе се зголеми за 5,4 проценти. Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Живко Тасев, вели дека тие не одлучуваат за зголемување на цената, туку, сега, оваа одлука ја носи Регулаторна комисија врз основа на финансискиот извештај за 2020, кој го доставиле до комисијата.

Тасев појаснува дека на потрошени десет кубика вода, кои досега се плаќале по 319 денари, сега со новото покачување ќе се зголеми за речиси 16 денари. Покачување на цената на водата ќе има и во 2022 и 2023 година, а во просек зголемувањето ќе биде за 3,5 проценти.

Според Тасев, оваа одлука, Регулаторната комисија ја донела врз основа на тоа што минатата година се зголемиле и услугите и трошоците околу дезинфекција на улиците и тротоарите, како и поради тоа што неколку пати, поради мерките, биле затворени пазарот и бањата Кежовица, а во два наврата имале и законско зголемување на платите на вработените.

Позитивна вест е што во 2021 година, на истата сметка што ќе ја добијат штипјани, ставката за отпадни води се намалува за 6,67 проценти. Новото зголемување на цената на водата за пиење ќе биде на јануарските сметки, кои пристигнуваат за наплата во февруари 2021 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален e вкупниот број на прегледи

(ВИДЕО) Водата во Гостивар не е безбедна за пиење

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле