Од Анкара, Еди Рама оди право за Атина на средба со Мицотакис

Од:

По дводневниот престој во Анкара и разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, албанскиот премиер Еди Рама утре ќе отпатува во Атина, каде се предвидени средби со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис и со шефот на дипломатијата Никос Дендиас.

-Не се познати темите на кои ќе се фокусираат на средбите, но прашањето за морската граница меѓу Грција и Албанија, како и поморските тензиите меѓу Грција и Турција во Средоземјето, сигурно ќе бидат на дневниот ред, пишуваат медиумите во Тирана.

Ова е вторпат како Рама оди во Атина веднаш по посета на Анкара. Така беше и во средината на септември минатата година, кога во екот на тензиите меѓу Грција и Турција, беше во ненајавена посета и средба со шефот на турската држава, по што замина за Атина.

За време на престојот во Анкара, Рама и Ердоган потпишаа договор за унапредување на билатералните врски на ниво на стратешко партнерство.

-Потпишавме заедничка политичка декларација за формирање Совет за стратешка соработка на високо ниво. Така, ги подигнавме нашите односи на ниво на стратешко партнерство. Тоа ќе помогне во понатамошната соработка меѓу двете земји на секое поле, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Освен што Турција ветила изградба на болница во градот Фиер, бесплатно лекување на 100 албански државјани во болници во Турција, искажан е заеднички став дека терористичката организација ФЕТО претставува закана за двете земји и затоа „нема да дозволат ФЕТО да ги труе односите меѓу Турција и Албанија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент