Македонската репрезентација забележа пораз од Шведска со 1:0 во контролен натпревар одигран во Малме.
Единствениот гол на натпреварот, на асистенција на Ибрахимовиќ, го постигна Качаниклиќ во 39-та минута од натпреварот.
Победата на Шведска можеше да биде изразена и со поголема разлика, но деконтрацијата на Ибрахимовиќ, Ларсон и Тоивонен изгледните шанси не успеаја да ги претворат во гол.
Тестот против Шведска на селекторот на македонската репрезентација Чеде Јаневски му донесе дополнителни главоболки, особено се однесува за играта на оние кои се задолжени за креирање на играта. Редот за врска, во првото полувреме делуваше анемично и безидејно.