Четворица загинати по упадот на толпата во американскиот Конгрес

Од:

Четири лица, меѓу кои една жена застрелана во зградата на Конгресот, загинаа вчера во нередите кои се случија откако приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол Хил, објави шефот на полицијата во Вашингтон.

Останатите тројца починале поради „итни медицински состојби“ за време на протестот пред Конгресот, соопштија властите.

Според извештаите од американската престолнина, десетици луѓе се повредени, а вкупно 52 лица се уапсени во безредијата, кои избувнаа откако Трамп им се обрати на илјадниците приврзаници со изјавата дека „никогаш нема да го признае поразот“ на претседателските избори.

Социјалните мрежи ги блокираа профилите на Трамп поради повици на насилство. Откако синоќа по локално време беше воведен полициски час во главниот град, зградата на Конгресот е обезбедена, а Сенатот продолжи со броењето на гласовите и со седницата посветена на потврдата на мандатот на Бајден.

„Вие не победивте. Насилството никогаш не победува,“ им порача Пенс на демонстрантите што го послушаа повикот на Трамп да се кренат против наводната изборна кражба.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден, во телевизиско обраќање, рече дека американската демократија е „во досега невиден хаос“, осудувајќи ги „малиот број екстремисти посветени на беззаконието“ кои донеле „хаос“ во Капитол.

„Ова не е незадоволство, туку безредие. Ова е хаос. Oва се граничи со повик на востание и мора да заврши сега,“ рече Бајден.

„Ја повикувам толпата да се повлече и да дозволи демократскиот процес да продолжи,“ додаде тој.

Трамп продолжи со обвинувањата за нерегуларности на изборите дури и за време на вчерашните нереди, во кои зградата на Конгресот беше под опсада, а конгресмените и сенаторите беа евакуирани поради нивна безбедност. Во едноминутното видео што го постави на Твитер, тој не го осуди директно упадот во Конгресот, но ги повика неговите приврзаници да се разотидат.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија