Зградата на конгресот во Вашингтон е безбедна потврдуваат полициски извори од Вашингтон. Демонстраните кои беа внатре ја напуштија зградата и полицијата и ФБИ презедоа комплетна контрола.
Полициските сили на кои им се приклучува и Националната гарда полека ги расчистуваат улиците во Вашингтон околу конгресот. Во градот во сила е полициски час. Уапсени се најмалку 20 лица кои беа вклучени во насилниот упад во Конгресот.
Reinforcements arrive! Praying for peaceful end to this madness…#CapitolHill #WashingtonDC pic.twitter.com/NHW1Oom9hO
— AKahn (@AKahn2020) January 6, 2021
Според информациите на американските медиуми, претставниците во Конгресот и во Сенатот најавуваат дека заедничката седница за верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори ќе ја продолжат вечерва.