Полицијата затвори кафеана полна со гости во гостиварско Неготино, уапсени газдата и брат му, кој ја скинал пломбата

Од:

Полицајци од полициското одделение Галате, во селото Неготино, кое е дел од општината Врапчиште кај Гостивар, вечерва во 20.30 часот го лишиле од слобода М.Б.(30) од тоа село, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Како што соопшти МВР, при извршена контрола во објектот, полицајците констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти.

Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода, стои во соопштението.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок по. чл. 206 од Кривичниот законик, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски