Комунистичката Северна Кореја, која е единствена земја во светот што тврди дека нема забележано ниту еден случај на заразен со коронавирусот на своја територија, побарала да ѝ се доделат вакцини преку Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ).
Иако досега наводно биле направени илјадници тестирања, Пјонгјанг и натаму нема потврдено ниту еден случај на Ковид-19.
На крајот на јануари минатата година, кога почнуваше пандемијата, Северна Кореја целосно ги затвори границите и ги забрани меѓународните патувања.
Сепак, кинескиот весник „Саут Чајна Морнинг Поуст“ во март објави дека околу 200 севернокорејски војници починале од Ковид-19, како и дека повеќе илјади луѓе во земјата се во карантин.