Сите продавници на Епл во Британија се времено затворени

Од:

Американскиот технолошки гигант Епл времено ги затвора сите свои продавници во Велика Британија, вклучувајќи ги и оние во Шкотска, бидејќи земјата воведува дополнителни рестриктивни мерки во борбата против Ковид-19.

Епл има 38 продавници во Британија, од кои 20 биле затворени од 22 декември минатата година до почетокот на овој месец, пишува весникот „Индепендент“.

Компанијата денеска „стави клуч“ на уште 18 малопродажни објекти во земјата, меѓу кои и во Кембриџ, Плимут, Глазгов и други места.

Пред воведувањето на новите ограничувања, продавниците работеа по принципот онлајн нарачки.

Во јуни минатата година Епл повторно ги отвори своите 32 продавници во Англија и една во Северна Ирска, почитувајќи ги епидемиолошките мерки за продавниците и купувачите, со задолжително носење маски и држење дистанца од два метра.

Велика Британија не е единствената земја, каде Епл мораше да ги затвори продавниците. Компанијата во САД има 271 продавница, од кои моментно се затворени една третина.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

Ана Ололовска

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он