Вакцината против коронавирусот развиена од римската компанија за биотехнологија „РеиТера“ е безбедна, изјави денеска научниот директор на болницата за инфективни болести Спаланзани Џузепе Иполито.
Изјавата беше дадена на презентацијата на резултатите од првата фаза на вакцината GRAd-CoV2. Тој посочи дека досега вакцината е тестирана на 100 лица и дека 45 од нив биле вакцинирани со различни дози и дека ниту една немала негативни ефекти или несакани ефекти 28 дена по вакцинирањето.
Како што се наведува, тоа е подобар резултат во споредба со вакцините на компаниите „Модерна“ и „Фајзер“.
– Врвот на производство на антитела останува константен на четири недели и се дава една доза на вакцина, рече Иполито, додавајќи дека вакцината произведува антитела на вирусот во 92,5 проценти од случаите.