Кумановската полиција работи на расчистување на вчерашната сообраќајна несреќа

Од:

Кумановската полиција информираше дека сообраќајната несреќа во која вчера двајца пешаци се здобија со тешки телесни повреди, а двајца возачи со телесни повреди се случила откако возачот на патничко моторно возило „БМВ“ движејќи се кон центарот на градот, пред крстосницата, изгубил контрола, при што удрил во бетонска жардињера, а потоа удрил во задната страна на автомобил „РЕНО“ кој го управувал 44-годишниот И.Н., кој чекал на семафорот.

Од кумановската полиција на денешната прес-конференција соопштија дека сообраќајна несреќа се случила вчера околу 17 часот на крстосницата помеѓу булеварите „Трета МУБ“,„Октовмриска револуција“ и „Благоја Богдански Гуцман“.

– До несреќата дошло, откако 35-годишниот Б.М. кој управувал со патничко моторно возило, марка „БМВ“, со кумановски регистарски таблички, движејќи се кон центарот, пред крстосницата, изгубил контрола, при што удрил во бетонска жардињера, а потоа удрил во задната страна на автомобил „РЕНО“ кој го управуван 44-годишниот И.Н., кој чекал на семафорот. Од ударот автомобилот „рено“ удрил во друго возило кое се наоѓало пред него, а потоа излетало на десна страна од коловозот и удрило во петнаесетгодишните А.С и Т.Ц кои стоеле на тротоарот, рече Валентина Николовска од СВР Куманово.

По незгодата, во кумановската болница биле пренесени и пешаците и возачот И.Н. Двете девојчиња се пренесени во Ургентен центар во Скопје и Т.Ц. се уште е во животна опсаност. Возачот на „реното“ е задржан на лекување, а подоцна и возачот на автомобилот „бмв“, Б.М. се јавил на лекар по што и тој е задржан на лекување.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против возачот Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра