На Јажинце дневно транзитираат до 2 000 лица за новогодишните празници

Од:

Граничниот премин Јажинце на границата помеѓу Северна Македонија и Косово околу новогодишните празници бележи дневна фреквенција до 2 000 лица кои влегуваат и излегуваат од нашата држава. На првиот ден од 2021 година имало 1 547 лица кои излегле или влегле во државава од тој граничен премин. Во неделата за 24 часа се бележат 1 999 кои излегле или влегле во Косово.

-За 24 часа на 1 јануари 2021 од 1 547 луѓе кои излегле или влегле во државата, 1 030 се државјани на Северна Македонија, додека 517 се странски државјани. Во текот на вчерашниот ден од 1 999 граѓани, 1 406 се наши државјани додека 593 се странски државјани, информира Жарко Трпевски, командир на ГП Јажинце.

На првиот ден од 2021 од 1 030 македонски државјани 464 влегле, а 566 излегле од државата. Вчера од 1 406 лица, 610 влегле додека 796 излегле. Границата се преминува без ПЦР тест.

Во октомври кога беше овозможено влез и излез без ПЦР тест на преминот се евидентирани и над 3 000 преминувања на границата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски