За речиси три месеци 5562 санкции за неносење маски на тетовското подрачје

Од:

За речиси три месеци на тетовското подрачје има изречено 5562 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври. Полицијата во изминатите три месеци секојдневно изрекува вакви казни поради непочитување на мерката. Констатирано е дека мерката се прекршува како во затворени објекти така и на отворено.

–Од вкупно 5562 казни за неносење на заштита на лицето, во октомври се бележат 2130, ноември 1789 и декември 1643. Тука се сите прекршувања на мерката на отворен простор, во возила, во објекти и слично. Од почетокот на мерката за неносење маски на тетовското подрачје изречени се вкупно 12.512 санкции информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од 1 до 4-ти јануари до 7 часот утрово, изречени се вкупно 136 казни за неносење маски. Само во изминатиот период од 24 часа од недела во 7 до понеделник во 7 часот изречено се 64 мерки и изготвени поднесоци за платни налози.

-Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Потсетувам дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице, вели портпаролот.

Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка или друго.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава