Американската Влада ја разгледува можноста за вакцинирање на луѓе со половина доза од вакцината на фармацевтската компанија Модерна, во обид да се забрза вакцинацијата на населението, изјави денеска Мосиф Слои, шеф на државната операција Warp Speed.
– Знаеме дека аплицирање на само половина од дозата на вакцината предизвикува идентичен имунолошки одговор кај луѓето на возраст од 15 до 55 години, изјави Слоу.
Ниту Модерна ниту американската Агенција за храна и лекови не беа подготвени да ги коментираат тие информации.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека досега се вакцинирани 4.225.756 лица, а повеќе од 13 милиони вакцини се дистрибуирани низ САД.