Вечерниот полициски час во Франција ќе почнува во 18 наместо во 20 часот

Од:

Ограниченото движење во 15 департмани на исток во Франција, наметнато поради пандемијата, ќе почне утре во 18 часот, наместо во 20 часот, како што беше досега. Тоа го објави владиниот портпарол Габриел Атал.

– Вирусот продолжува да се шири во Франција … нерамномерно меѓу регионите, изјави Аталус на ТВ ЕФ-1 и додаде дека списокот на департмани ќе биде ревидиран за една недела.

„Ако ситуацијата се влоши, ние ќе ги донесеме потребните одлуки“, рече тој во одговор на прашањето за можен нов карантин.

Вечерниот полициски час од 20 до 6 часот беше воведен низ цела Франција на 15 декември.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата