Со затворени локали и угостителски објекти, празни улици и во домашна атмосфера, се дочека Новата година во Струга и Куманово. Во двата градови, немаше атмосфера дека доаѓа 2021 година, се до полноќ, кога се прослави со гласни огномети. Пред тоа, реткост беше да се чуе и пукање на пиротехнички средства.
За првпат досега, не се организираше пречек на Новата година. Поради мерките за заштита од коронавирус, угостителските објекти работеа до 18 часот, а Владата забрани организирање на прослави и на отворено од страна на општините. Низ улиците, пак, речиси да немаше луѓе и возила.
Во слична атмосфера, се дочека 2021 година во сите градови, вклучувајќи го и Скопје.