ВИДЕО: Со огномети, Скопје ја дочека Новата година

Од:

Македонија со огномети и пиротехника ја дочека Новата 2021 година. Поради мерките за заштита од коронавирус, за првпат не се организираа прослави по угостителски објекти. Затоа, пречекот за 2021 година се организираше во домашна атмосфера. Улиците низ сите градови во државата се скоро празни, освен одредени плоштади каде жителите шетаа пред дочекот.

Оваа година го немаше ни традиционалниот огномет на плоштадот во Скопје. Наместо него, огномети имаше од приватни објекти, кои го осветлија градот над главниот град точно на полноќ. Иако забранети за употреба, сепак, во текот на целата вечер се слушаа пукања од петарди.

Годинава, поради коронавирусот, немаше ниту журки организирани на јавни места од страна на градовите.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар