Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај гостиварско Чегране

Од:

Безживотно тело на маж попладнево е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации, жртвата се уште не е идентификувана.

Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полицајци, се врши увид во близина на мостот во чија близина било пронајдено безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.

Мујдин Д., очевидец кој го забележал телото, вели дека од понеделникот често поминувал од тука, но не забележал ништо, со оглед на високото ниво на водата. Денеска околу 13 часот кога водата се спуштила, видел дека под мостот има човечко тело, по што го пријавил случајот. Тој посведочи дека телото било во фаза на распаѓање и во лоша состојба.

Во меѓувреме екипа на СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил и јавен обвинител.

Се очекува да биде наредена обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва