Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози од вакцината на американскиот производител Фајзер, откако денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели, информира Министерството за здравство.
Според здравствените власти, следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април.
Министерството продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини, се вели во соопштението од МЗ.
„Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата,“ велат од Министерството.