Тибо Пино, 22-годишниот Французин, победи во 8-та етапа од Белфор до Порентруј долга 157,5 км.
Главните фаворити во група од седум велосипедисти стигнаа позади Пино со заостанување од 26 секунди.
Кратката но напорна етапа со седум успони, Пино ја реши 16 км пред крајот, бегајќи им на останатите 2 минути.
Пино,кој пред почетокот на трката не беше избран во стартната постава на екипата ФДЈ, беше пресреќен после триумфот.
– Ова е сон, последните 10 км беа најдолгите во мојот живот. Знаев што се можам да направам и се надевам директорот на мојот тим нема за што да жали, изјави Пино.
Жолтата маица ја задржа водечкиот во генералниот пласман, велосипедистот на тимот Скај, Бредли Вигинс.
Утре се вози деветтата етапа, хронометар, од Арк-е-Сенан до Безансон во должина од 41,5 км.