ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да штелува попис, само фингерпринт терминали ќе гарантираат реален попис

Од:

„Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот, исто како што ги штелуваат и изборите. Заев со талибански методи со кои оди против волјата на народот, ќе оди и на попис. Затоа нема став во однос на пописот.

СДСМ знае дека Заев си игра со државата и пописот, кој е стратешки важна операција, со помош на која се добиваат бројки важни за секое едно креирање на политика како на среден така и на долг рок“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Без реални податоци од попис, државата не може правилно да се развива, а мерките кои ќе се димензионираат од институциите ќе бидат погрешни.

Заев не смее да гледа на пописот како на уште една работа со помош на која ќе се пазари, туку мора да сфати дека тоа е статистичка операција, а не политичка.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на вразумување на Заев и организација на попис со чии методи ќе биде запознаена јавноста и ќе бидат прифатени предлозите на опозицијата, во спротивно нема да го признаеме таквиот попис“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски