Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани податоци

Од:

Владата на денешната седница донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлогот на Закон за дополнување на Законот за јавните набавки со кој се предвидуваат решенија договорните органи да можат да исплатат и повисок износ од 20% и да немаат обврска да обезбедат банкарска гаранција за исплатениот аванс во постапките кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии или епидемии на заразни болести, во зависност од воспоставените пазарни односи од страна на производителите на потребните средства кои се предмет на набавка.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски